9.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Адвокатот Шилегов го советува градоначалникот Шилегов за „ситни“ 10.000 евра годишно

Додека Мaкедонија тоне во долгови, работниците чекаат милостина, граѓаните се сѐ посиромашни, криминалот и корупцијата од функционери на СДСМ расте, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, посочувајќи го како пример случаот со скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој за правни услуги за потребите на Град Скопје ја ангажирал сопствената адвокатска канцеларија.

„Петре Шилегов како градоначалник на Скопје плаќа консултации за правни работи  самиот себеси. Градоначалникот Шилегов склучил договор и го плаќал адвокатското друштво Шилегов. На Петре Шилегов малку му е платата како градоначалник на Скопје, особено што не работи ништо, па мора и хонорар да зема од градската каса! Со години, Петре адвокатот го советувал градоначалникот Шилегов за правни работи. И за тоа си исплаќа по 50.000 денари месечно. Или во просек, Шилегов си потпишува консултантски услуги сам на себе, за што скопјани му плаќаат околу 10.000 евра годишно. И тоа Шилегов го прави со години“, истакна Стоилковски.

Како што рече Стоилковски, ова е класичен криминал, класичен судир на интереси, класична корупција и злоупотреба на позиција на функција. Без трошка срам, а и спротивно на законот за спречување на корупцијата, Шилегов како градоначалник користи услуги од неговата фирма, адвокатско друштво „Шилегов и партнери“, со што ја празни градската каса.

„Наместо поквалитетни услуги за скопјани, Шилегов си обезбедува уште по 50.000 денари месечен хонорар покрај платата, а за возврат, поскапува паркинзи за скопјани со образложение дека нема пари во градската каса. Се’ мора да поскапи за да има за Шилегов за хонорари, и за таквите како него, покрај функционерската плата да има и за хонорари за услуги. Градот Скопје тоне во смог, градот Скопје тоне во смет, тоне во бетон, за проблемите нема пари за решение, ама има пари за хонорари од Петре за Шилегов! За Петре Шилегов мора да има, а не мора да има за спортот, не мора да има компјутери за децата сега при онлајн нобразование. Ете почитувани, затоа нема напредок во справувањето со корупцијата, затоа нема реформи, затоа Македонија тапка во место во правото и во правдата, затоа има владосудство, за луѓето како Петре Шилегов, покрај платата да земаат уште илјадници евра на име на хонорари и тоа да си го потпишуваат и исплаќаат сами на себе! Потенцираше портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ова отвора повеќе прашања: Што тоа Петре го советувал Шилегов? Ако ова е, а е’, спротивно на Законот, ќе бара ли Градот сега отштета од Шилегов за лошо советување? Дали овие приходи се главниот извор за енормниот раст на личното богатство на функционерот Петре Шилегов? И трето, дали институциите ќе се позанимаваат со овој случај или повторно владосудството ќе го покрие криминалот на функционер на СДСМ? Петре Шилегов беше еден од најгласните поддржувачи на оној часовник на Порта Македонија, и во тој дух, Петре Шилегов мора да ги врати сите пари подигнати од буџетот на име консултации од сам себе, за конечно часовникот за криминал и корупција да заврти во спротивна насока! Додаде тој.