Аеродром и Карпош и натаму со најголем број заразени од скопските општини

Скопските Општини Аеродром и Карпош, и натаму се на првите две места со најголем број на заразени.

Аеродром во моментов има 759 активни случаи, додека Карпош има 627. Потоа следуваат неколку општини со над 500 активни, и тоа Гази База (562), Центар (561), Кисела Вода која има 557.

Ѓорче Петров е општината каде има 369 дијагностицирани активни со Ковид-19, Чаир има 216, додека Бутел 205.

Најмалку има во Општина Арачиново – 9 случаи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.