Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека денеска, 3 август, без вода поради дефекти останале делови од Кисела Вода, поточно населбата Драчево и од општината Аеродром.
Поради уличен дефект на ул.Сердарот бр.33 во Драчево, прекинато водоснабдување имаат корисниците на ул. Сердарот и Речиште од 08:30 часот до санирање на дефектот.Дефектот ќе се санира на 03.08.2014
Поради дефект на шибер на ул.Владимир Комаров 7/7, прекинато водоснабдување имаат корисниците на зграда бр.7 од Владимир Комаров, од 15:00 часот. Дефектот ќе се санира на 03.08.2014