Аеродромот во Алмати заземен во бунтот за пристигнување милитанти, тврди претедателот на Казахстан

Учесниците во масовните безредија во којашто загинаа стотици лица на почетокот од годинава го заземаа аеродромот во Алмати со цел преку него да пристигнуваат милитанти од странство кои биле претставувани како гастербајтери, вели казахстанскиот претседател Касим-Жомар Токаев во телевизиско интервју за локалните телевизиски канали.

„Секако забечежавте дека милитантите го организираа заземањето на аеродромот во Алмати. Истрагата сега покажува дека заземањето на аеродромот имало цел да се осигури преку него да пристигнуваат лица од еден град во Централна Азија, и тоа биле обучени борци, команданти. Тие, веројатно, долетале како гастербајтери, ги пренеле преку пасошките контроли и биле пушени во градот каде што започнаа да ја водат операцијата“, вели Токаев во интервјуто за државната телевизија Хабар-24 од кое инсерти беа презентирани во саботата.

Казахстанскиот претседател истакнува дека лицата кои ги воделе нападите врз административните објекти во текот на немирити биле особено заинтересирани за личните досиеја на припадниците на безбедносните служби.

„Тие лица, се разбира, не беа заинтересирани за материјални вредности. Тие ги водеа нападите врз институциите, ги интересираа криминалните дела, досиејата на припадниците на безбедносните служби. Станува збор за внимателно планирана операција, по нејзината суштина терористичка, со вмешаност на милитанти од странство“, истакнува казахстанскиот претседател.

Токаев во продолжение вели дека смртоносните безредија кои на почетокот од јануари зафатија некои градови од Казахстан, биле операција којашто била испланирана од професионалци.

„Сметам дека станува збор за планирана операција, притоа сите фази на безредијата, почнувајќи од мирните протести кои навистина тоа беа, завршувјаќи со убиства, грабежи. Тоа беше целосна операција, осмислена од професионалци и спроведувана од нив. Кога станува збор за мирните протести тие се случија, но немаше никаква примена на сила врз демонстрантите“, рече Токаев.

Според него, многу од милитантите кои учестувале во безредијата во Алмати, кој е најголемиот град и поранешна престолнина на Казахстан, го напуштиле градот, а има кои се префрлиле во соседните држави.

Претходно кон средината на јануари шефот на градската полиција на Алмати, изјави дека во текот на безредијата биле изведени седум напади врз градските мртовечници од каде било украдено 41 тело на загинати во судирите со безбедносните сили, а исто така биле повлекувани и ранетите кои не биле носени во болниците. Деновите беше известетно и дека во близна на Алмати се откриени масовни гробници, за што трае истрага.

Масовните протести во западен Казахстан запонаа на почетокот од годинива, во градовте Жаноазен и Актау каде жителите протестираа против удвојувањето на цената на евтините течниот гас. Набрзо протестите се проширија и во друг градови во западната провинција како и во поранешната престолнина Аламати и се преворија во масовни грабежи, вооружен бунт и напади врз државните институции.

Казахстанските власти одговорија со прогласување вонредна состојба која на сила беше о 19-ти јануари и повикување на помош на мировните сили од Организацијата на договорот за заедничка безбедност (ОДКБ) на неколкуте поранешни советски републики предводени од Русија, чија мисија заврши на 13-ти јануари.

Според Обвединетите нации, во текот на протестите во Казахстан биле ранети најмалку илјада луѓе. Казахстанското министерство за внатрешни работи во саботата објави дека во насилните безредија загинале вкупно 225 лица, меѓу кои и 19 припадници на безбедносните сили, а дека ранети биле повеќе од 1.300 луѓе.

Казахстансксиот претседател Касим-Жомарт Токаев оцени дека станува збор за обид за нарушување на интегритетот на земјата во кој учестуваат „теористи, меѓу кои и пристигнати од странство“. Во обидот да ја смири ситауцијата во земјата, освен воената операција, Токаев нареди и враќање на „неправдано“ зголемените цени на горивата и вети дека ќе ги сослуша сите барања на граѓаните.