Aеродромот во Луисвил именуван во чест на Мухамед Али

Портрет на Мухамед Али од 1977 година
Портрет на Мухамед Али од 1977 година

Во спомен на легендарниот американски боксер Мухамед Али, Меѓународниот аеродром во градот Луисвил го доби неговото име.

По повод одлуката на градските власти градоначалникот Грег Фишер изјави дека Мухамед Али имал само еден роден град и дека, за среќа, тоа е Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки.

Еден од најпознатите луѓе што одеше по светов, како и неговата спортска и добротворна дејност и денес се инспирација за милијарди луѓе, рече Фишер.

Поранешниот троен светски шампион во тешка категорија, Михамед Али, почина на 6 јуни 2016 година, по долгогодишна борба со Пакринсоновата болест.