АФД со поголем рејтин од ЦДУ во Источна Германија

Екстремно десничарската „Алтернатива за Германија“ има поголема поддршка во Источна Германија отколку Демохристијанската партија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, пишува „Политико“, повикувајќи се на податоци од јавно мислење.

Анкетата спроведена од „Емнид“ по нарачкаод „Билд ам Сонтаг“ покажува дека „АзГ“ ќе добие 23% од гласовите, наспроти 22% за ЦДУ. Радикално левата „Левица“ е трета со 14%, додека германската Социјалдемократска партија (ГСДП) е петта со 11%.

Анкетата беше направена на помалку од еден месец пред регионалните избори на 1 септември во источните провинции Саксонија и Бранденбург, каде ЦДУ и ГСДП долго време доминираат на националните и регионалните избори и евентуалното губење на претстојното гласање би можело да доведе до преиспитување на нивната коалициска влада на национално ниво.