Џафери ја одби и иницијативата на Левица за референдум за францускиот предлог

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва ја одби иницијативата на Левица да биде организиран реферндум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за продолжување на преговoрите со Европската Унија со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва ја одби иницијативата на Левица да биде организиран реферндум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за францускиот предлог.

„Разгледувајќи го вашето барање увидов дека истото не е подготвено во согласност со член 135 од Деловникот. Прашањето не е соодветно поставено од причина што заклучокот не е општ правен акт, закон или Устав па истиот по природа и содржина упатува на постапување од страна на Владата. Согласно член 136 од Деловникот барам во рок од 15 дена прашањето да го усогласите со одредбите на истиот”, му напиша Џафери во одговорот на лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев.

Минатата недела Левица поднесе иницијатива за распишување задолжителен референдум на територијата на цела Македонија, на кој, според партијата граѓаните би требало да гласаат за или против прашањето „Дали сте за продолжување на преговoрите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?”