Џафери ја закажа седницата за разрешување на Катица Јанева

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа седницата за разрешување на Катица Јанева од функцијата Специјален јавен обвинител. Почетокот на седницата е закажан за 13 часот утре. Претходно, при комисиска расправа беше донесена едногласна одлука поддржана од власта и опозицијата во парламентот да и се одземе функцијата поради нестручно работење.