Џафери доби внук и ја откажа седницата за избор на претседател на Собранието

Талат Џафери
Талат Џафери

Претседавачот на конститутивната седница Талат Џафери денеска го откажа продолжението на конститутивната седница на Собранието, на која требае да се избере претседател, поради тоа што добил внук.

Тој синоќа на Фејсбук објави дека добил внук од ќерка.

„Благословени и пресреќни сме по веста дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер!
Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти“, напиша Џафери.

За денеска на пладне претседателот Стево Пендаровски закажа доделување на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Џафери вчера соопшти дека им дал насоки на собраниските служби за денеска да подготват продолжение на конститутивната седница и избор на претседател на законодавниот дом.