Џафери ќе ги распише изборите на 6. август

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе ги распише изборите на 6. август, информира собранискиот спикер на брифинг со новинарите.

Од претходно е познато дека партиите се договорија и ги усогласија ставовите изборите да се одржат на 17. октомври.

-Со ова се обезбедуваат законските обврски за обезбедување на термин со кој градоначалниците нема да го надминат законски утврдениот мандат од четири години – изјави Џафери.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.