Џафери ги искара пратениците: Читајте го деловникот, 119 сте, не можам јас 119 правила на игра да смислам!

Претседателот Талат Џафери, по паузата, повторно нервозно ги дициплинираше пратениците, поради нивниот вокабулар.

– Кога реагирам зошто реагирам, кога не реагирам, ме прашувате зошто не регирам. Читајте си го деловникот да знаете што е реплика или контрареплика. 119 сте, не можам јас 119 правила на игра да смислам, ги искара пратениците Џафери.

Откако пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска го нарече „предавник“ пратеникот од мнозинството Зеќир Рамчиловиќ, Џафери повторно реагираше.

-Редно е некој да реагира процедурално, еве јас ќе реагирам. Далеку ќе одиме вака енглески. Како поискусен, можеби по мандати, мислам дека со време ќе ви помине и оваа фаза на вокабулар. Затоа очекував некој да укаже, но не треба, бидејќи јас ќе реагирам процедурално, кажа Џафери.