Џафери ги прекори „фејсбук мејкерите“ од СДСМ кои вчера повикуваа итно да свика седница (ВИДЕО)

Исцрпена дискусијата ова е епилогот денешната седница на која цел ден пратениците од опозицијата и власта расправаа за Законот за јавно обвинителство.

Паднаа тешки зборови, дебатата беше жестокa, но на крајот од седницата власта немаше обезбедено дво-третинско мнозинство за Законот за ЈО и покрај сите притисоци, уцени и закани упатени кон пратениците.

За циркусот да биде уште поголем конфликтот во владејачкото мнозинство на крајот од дискусијата беше евидентен откако Талат Џафери ги прекори „фејсбук мејкерите“ од СДСМ кои вчера повикуваа на итно свикување на седницата за на крајот од денот власта да го нема потребното мнозинство.

Гласањето ќе се спроведе кога координаторите на пратеничките групи ќе го обезбедат потребното мнозинство, најави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Паузата во Собранието ќе трае до 22:00 часот кога ќе почне 136. седница на чиј дневен ред се четири точки: Разрешувањето на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, Предлог-законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта во прво читање.

Џафери попладнево рече дека Собранието ќе работи без прекин, додека не се распушти.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.