Џафери нема да сведочи за 27 април, ќе чека делегација

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска не се појави во својство на сведок на судењето за организаторите на настаните од 27 април. Спикерот Џафери го известил судот дека поради собраниски обврски, одонсно прием на делегација, би можел на рочиштето да пристигне околу 12 часот. Сепак, од судот му вратиле да се појави на некое од наредните судења, бидејќи и онака за денеска имало доста сведоци.

Во судницата се присутни поранешните пратеници Стојан Миланов, Борис Змејковски, Нада Ципушева, Драган Цуклев и Павлинче Честојнова. Сведоците се повикани на барање на одбраната, а обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок се екс спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Обвинението го застапува заменикот на Вилма Русковска, Наум Пановски, а главен судија за делото за организација на настаните од крвавиот четврток е Илија Трпков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.