Џафери: Ниеден народ не би прифатил преговори за тоа што го бара Бугарија

Ниту еден народ не би прифатил да преговара за тоа што го бара Бугарија, изјави претседателот на Собранието ,Талат Џафери, во синоќешното издание на дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21, додавајќи дека спорните точки со Софија се околу идентитетот и историјата.

„Бугарија и Македонија потпишаа договор за добрососедство. Со овој договор и двете страни преземаа конкретни обврски. Веднаш потоа од Бугарија беа поставени нови услови,“ истакна Џафери.

Првиот човек на Собранието вели дека Македонија има направено прогрес, исполнувајќи ги условите за преговори со ЕУ. Верува дека, сепак, може да се најде решение, и земјата да го продолжи патот кон ЕУ.

„Решение може да има доколку се надминат спорните точки во историјата, треба да гледаме напред и заедно да ги исполниме и реализираме задачите кои од нас ги бара ЕУ“, заклучи Џафери