Џафери: Се учиме на колективна свест и совест, да ги почитуваме препораките

Курбан Бајрам е празник на благодарноста и јас сакам да изразам благодарност кон сите здравствени работници меѓутоа и кон сите други кои секојдневно се вложуваат максимално да овозможат нормално функционирање во ова време на нова нормалност, напиша претседателот на Собранието Талат Џафери во честитката за Курбан Бајрам.

–  Навикнати сме празникот да го поминеме опкружени со весел џагор и топли прегратки, искрени насмевки. За жал, речиси од почетокот на оваа година сме принудени да ги менуваме  нашите секојдневни навики на функционирање и секако, празнување. Пандемијата од ковид-19 е тука и се чини ќе трае. Ние, и секако цел свет, се навикнуваме на нови начини на живот и работа. Покрај тоа, доколку до сега не научивме, сега се учиме на колективна свест и совест, за тоа колку е важно секој поединец да води сметка за своите постапки, за истите да не рефлектираат негативно на нашите блиски семејства и на сите други. Да ги почитуваме препораките на здравствените институции, за да си помогнеме себеси и на нашиот здравствен систем – вели Џафери во честитката.