Џафери: Со „23 Октомври“ се одбележува зародишот на револуционерната организација која довела до Илинден од 1903 година

34
(ФОТО МИА)

Во честитката до граѓаните претседателот на Собранието Талад Џафери вели дека со празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, се одбележува зародишот на револуционерната организација која довела до Илинден од 1903 година, да потсети на луѓето кои носеле тешки и храбри одлуки и кои се дел од градењето на држава.

-Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да упатам честитки по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и да Ви посакам убав празничен ден, поминат во спомен на идејата на револуционерната борба“, вели Џафери во честитката.

-Со овој празник се одбележува зародишот на револуционерната организација која довела до Илинден од 1903 година и е убава прилика да не потсети на сите храбри и тешки одлуки кои се дел од градењето на државата и пожртвуваноста на големите луѓе со визија и големо срце, пишува Џафери.

-И современата историја не става во искушенија кои застануваат пред нас на патот на исполнување на нашите стратешки цели и стремежот на граѓаните на Република Северна Македонија за современа, стабилна, успешна држава која обезбедува добар, квалитетен живот и благосостојба за своите граѓани кои се активни учесници во позитивните промени. Со Ваша поддршка, ништо не е невозможно!, вели претседателот на Собранието на Македонија Џафери во празничната честитка до граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.