Џафери: Собранието нема да се распушти на 12, туку на 16 февруари

Собранието нема да се распушти во среда на 12 февруари, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери. Последен ден за распуштање е недела 16 февруaри. Оваа изјава Џафери ја даде по консултациите со ДИК и по добиениот одговор дека за спроведување на изборните дејствија се потребни 55 денови.

Што се однесува до несогласувањата околу законот за ЈО, Џафери вели дека има доволно време партиите да ги надминат разликите.