Џафери: Вељаноски немаше опција да го исклучи микрофонот

437

Собранискиот спикер Талат Џафери во „24 анализа“ вечерва на ТВ 24 рече дека по предлог на одбраната бил повикан да сведочи и соодветно одговорил на поставените прашања. Тој потврдил дека Вељаноски немал опција да го исклучи микрофонот кога Зекирија Ибрахими ја пеел албанската химна во Собранието.

„Бев повикан да сведочам и соодветно одговорив на поставените прашања, тоа е факт дека во тоа време и потоа, инструментот за исклучување на микрофонот не стоеше до претседателот на Собранието, а не стоеше ни до мене кратко време по 27април и тоа е фактичка состојба која лесно можеше да се потврди“ – рече Џафери.

Потенцираше дека според деловникот, порано отстранувал пратеници кои не сакале да ја напуштат говорницата. На сведочењето, Џафери рече дека давал конкретни одговори без толкување на правниот систем и објаснување зошто бил под заклетва.

„Во судот, не се впуштав во анализа, туку одговарав на конкретни прашања. Не е моја надлежност да толкувам правен систем“ – рече Џафери.

Тој потврди дека со своето сведочење, не го спасувал Вељановски како што се толкуваше, туку ја кажувал вистината како што било.

„Прашање имав и од обвинителот. Не сум направил ништо спротивно на процедурите“ – рече Џафери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.