Џафери закажа седница за разрешување на Мизрахи

279

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 15 часот ја закажа седницата за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд Рашела Мизрахи.

Разрешувањето на Мизрахи го побара техничкиот премиер Оливер Спасовски затоа што Мизрахи го крши Уставот со тоа што не го почитува уставното име на државата.

Мизрахи која е во техничката влада е предлог на ВМРО-ДПМНЕ одбива да го користи уставното име на државата. Таа, една недела одбива да се појави јавно пред паното со новото уставно име користејќи ја старата табла во позадина.

За нејзиното однесување до македонското Министерство за надворешни пристигна и вербална нота од Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.