Африкански милијардер го купува Шефилд Јунајтед

По американските, руските, арапските и кинеските милијардери, прет вратите на елитниот англиски фудбал е и еден африкански милијардер, пишуваат медиумите на Островот.

Според медиумите, 43-годишниот нигериски милијардер Дози Ммобуоси е на чекор до преземањето на англискиот второлигаш Шефилд Јунајтед за околу 100 милиони евра.

Веќе извесно време е познато дека Јунајтед, чиј сегашен сопственик е саудискиот принц Абдула бин Мусаад бин Абдулазиз ал Сауд, е на продажба. Клубот моментално е под суспензија од раководството на лигата и му е забранет трансферот поради долгови кон друг клуб.

Минатата година американскиот бизнисмен Хенри Морис, основач на телевизиската кужа Clear TV, понуди повеќе од 120 милиони евра, но договорот пропадна поради сложената финансиска структура со која Американецот се обиде да го купи клубот од Шефилд.

Тимот предводен од менаџерот Пол Хекингботом е на второто место во Чемпионшип. Заостануваат пет бода зад лидерот Барнли, но со натпревар помалку имаат 12 бода повеќе од третопласираниот Мидлсброу. Првите две екипи ќе изборат директен пласман во Премиершип, а уште четири ќе се борат за преостанатото едно место.

Ммобуоси е роден во нигериската метропола Лагос. Тој е татко на три деца, а неговиот капител е проценет на околу седум милијарди евра.

Дури 15 од 20 клубови од елитната класа на англискиот фудбал се во рацете на странци, додека 14 од 24-те клубови во Чемпионшип се во доминанта сопственост на странци.