Африканските лидери во ОН со јавен апел побараа прекин на расизмот

Група од повеќе од дваесетина високи африкански лидери  упатија јавен апел во Обединетите нации за завршување на системскиот расизам, поттикнат од атентатот врз Џорџ Флојд, јавува Си-Ен-Ен.

 „Никогаш не може доволно да се каже за длабоката траума и меѓугенерациското страдање предизвикано од расната неправда што се повторува низ вековите, а особено е насочена кон луѓето со африканско потекло. Осудата на покажувањето кон расизмот едноставно не е доволна“, наведе групата африкански лидери во својот апел .

„Сега е време да преминеме од зборови на дела“, се вели понатаму во апелот.