Афродизијак повлечен зашто бил преефикасен

Замбиска компанија го прекина производството на пијалак кој го рекламира како силен афродизијак, откако корисник во Уганда се пожалил на срцева аритмија и ерекција, којашто според неговото мислење, траела предолго.

„Ги прекинавме и производството и дистрибуцијата, и отворивме интерна истрага“, објави компанијата „Revin Zambia Ltd“.

Пијаколот кој го носи комерцијалниот назив „SX Energy Natural Power“ е омилен афродизијак во Замбија, но и во соседните африкански земји. Се рекламира како пијалак за поттикнување на сексуалната моќ и содржи природни екстракти од растенијата ѓумбир и тонгкат али, а и за двете е познато дека поседуваат афродизијачки својства, како и тестостерон.

Во Лусака пијалокот е популарен и недвосмислено се нарекува „седум часа“, но за еден жителн на Уганда тоа сепак било „малку премногу“. По консумирањето на афродизијачкиот пијалак се пожалил на палпитација, студена пот и ерекција во траење од шест часа, поради што се загрижил.

Угандската агенција за лекови со анализа утврдила дека пијалакот содржи и силденафил цитрат,  молекула од прочуената Вијагра, па владата наредила заплена на сите количества од пијалакот и објави предупредување за населението.

Сепак, сопственикот на компанијата производител на пијалакот е убеден и истраен во квалитетот на својот производ, за кој тврди дека содржи исклучиво природни состојки. Тој порача дека во Замбија со SX Energy Natural Power никогаш немало никакви проблеми.