Афрона Вервизоли ќе биде разрешена како ревизор на ИПА фондовите

Назначената минатата седмица Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од позицијата ревизор на ИПА фондовите, информираат владини извори.

Посочуваат дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од Евроспката унија и фондовите ставени на располагање кои биле присутни во изминатиов период, а за што постоеле и пишани траги и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра.

Пренасочувањето на вниманието кон други теми во Владата го толкуваат како бегање од одговорност за ваквите злоупотреби.