Агапи Дика два и пол часа сведочеше за „Рекет“

Претседателката на собранието на невладината на Бојан Јовановски „Боки 13“, Агапи Дика, изјави дека не знае каде завршиле парите уплаќани на сметката на Меѓународниот сојуз откако два ипол часа даваше исказ во петокот во Обвинителството за гонење на организиран криминал за случајот „Рекет” .

Дика не одговараше на новинарските прашања, рече „истрагата ќе покаже”. Зградата на обвинителството ја напушти од споредниот влез.

Инаку Мери Дика Георгиевска, судијка на Апелацискиот суд во Скопје, е сестра на Агапи Дика, и е една од личностите со кои „Боки 13“ често постирал фотографии на својот инстаграм-профил.