Агенција за национална или не-национална безбедност и исполнување на нечии желби

Волкот го менува влакното но не и ќудот. Токму тоа се случи и денеска откако Љупчо Палевски – Палчо одржа прес-конференција на која информираше дека се прислушувани политичари, новинари, урединици, политички активисти, навивачи групи…

До промената на власта громогалсно се трубеше дека режимот на Груевски прислушува се живо. Ете, режимот одамна не е на власт, а прислушувањето, следењето и снимањето продолжиле до ден-деншен.

Кога ќе се има предвид целта за кое е направено прислушувањето, следењето и снимањето од страната од Агенцијата за национална безбедност, со изговор дека се мешаат Русите, тогаш таа треба да си го промени името во Агенција за НЕ-национална безбедност. Ќе речете ова е престрога квалификација. Учеството во акции кои се против секоја национална етика и интерес, а е спротивен и на правните нормативи, дали тоа е строго?! Ако дел од некогашната УДБ-а во 1990-тата година работеше за осамостојување на Македонија од поранешна Југославија на која и се гледаше крвавиот распад и тоа се валоризираше на Референдумот на 8 септември 1991 година, чудно е што сегашната наследничка, според предметот „Атлантик“, работи на денационализирање и убивање на духот на сопстевниот народ и одрекување од сопстевното име. Понижување.

Ако размислувањата, пишувањата за зачувувањето на уставното име се третираат како македонски „екстремизам“ и „тероризам“, навистина се изгубиле во преводот, во време кога имаме вистински терористи, некои понови некои постари, кои се враќаат од разно-разни боишта. Дури е срамно.

Она што уште повеќе загрижува е критизреството на одредена власт сфатено како антидржавно, што е далеку од толку посакуваната демократија, а уште подалеку од западната.

Од службата се изнесоа еден куп прислушувани разговори и не се знае кој се ги има, нешто што е спротивно на сите безбедносни правила и служби. Сторилтелите можеби направиле одредена карткорочна добрина за општеството, но долгорочно и безбдносно направија голема штета. Не знам која служба има доверба во нашите безбедносни служби, затоа што со леснотија се излегува во јавност и завршува во сечии раце. Веруваме дека е тешко во одреден момент, но како служба имате сила и внатре даги решавате работите и да ги избркате залутаните во вашите редови, а и да и кажете на политичарите до каде им е границата.

Жално е што службите станаа партиски експозитури, па и бизнис, нешто што далеку од етичкото а е блиску до криминалното.

Според сите случувања, си игравме реформи. Само се сменија имињата, се правеше некаква систематизација, или, ќе речат некои луѓе блиски до службите, политизација. Во очите на набљудувачите од ЕУ и другите држави и организации, направивме реформи во безбедносните служби, ама функционираат по старо. Можеби и така повеќе им одговара на многумина во разградувањето, обезличувањето и деградирањето на се што е македонско.

На Македонија и треба вистинска безбедносна служба која нема да удоволува нечии желби и нарачки, како домашни така и странски, со луѓе достојни за таа работа.