Агенцијата на Лидија Димова набавила и два луксузни автомобила за речиси 90.000 евра

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова во 2108 година набавила два луксузни автомобила во вредност од речиси 90 илјади евра.

Имено, Димова во 2018 година за потребите на агенцијата набавила два нови автомобили од марката „фолксваген пасат“ и „фолсвакен тигуан“во вредност од 45.327 евра, односно 43.576 евра, со што вкупната сума на истите достигнува 88.903 евра.

Контрадикторно е тоа што додека СДСМ беше во опазиција овие функционери како Димова жестокот критикуваа и протестираа против тогашната власт за секој вид набавка, а откако се сместија во удобните функционерки фотелји, истите тие заборавија и на сиромаштија и на ветувања и веднаш се дадоа во луксузирање, таков е овој случај со Лидија Димова.

Инаку, изминатите денови во јавноста излезе информацијата за скандалот според која Димова на фризерница од скопско Ново Лисиче и додели грант од околу 270.000 евра пари на европските даночни обврзници.

 

Инаку, за скандалот со фризерницата вчера обвинија и од ВМРО-ДПМНЕ, притоа откривајќи дека директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова со сопственикот на фризерницата биле во пријателски односи.

Исто така, треба да се истакне и дека СДСМ за тру години потроши 8 милиони евра за луксузни автомобили, кај 70 отсто од набавките сомнеж за фаворизирање, обвинија неодамна од ВМРО-ДПМНЕ.