Aгенцијата за инвестиции дава пари за привремени вработувања наместо да носи инвестиции

Во време на корона криза, Агенцијата за странски инвестиции и пормоција на извоз наместо да носи нови инвеститори и фабрики дава пари за привремени вработувања. Имено, на официјалната страна на јавни набавки објавен е оглас од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот која планира да потроши 5.050.000 денари за привремени вработувања.

Според информациите во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупните директни инвестиции во Македонија бележат одлив од 9,3 милиони евра што е поразително според експертите.

Со реакција излезе и ВМРО – ДПМНЕ на овие бројки изјавувајќи дека повеќе од јасно е дека владата не носи нови инвестиции, туку дека и ги бркаат постојните.

„Епилогот на ова е драстичен раст на невработеноста“, се вели во соопштението до медиумите, при што се укажува дека Државниот завод за статистика вчера објави податок дека бројот на работници во индустријата во периодот јануари – јули оваа година во споредба со лани е намален за 4,6 отсто.

И додека нови инвестиции нема на повидок и оние постоечките си заминуваат говорат и информациите кои излегоа пред десетина дена дека се затвора фабриката „Гришко“ во селото Слепче во Демир Хисар. Погонот беше инвеситиција на познатата руска компанија „Гришко“ која произведува папучи, чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности.

Други фабрики, пак, како „Маркарт“ од Велес и „Дрекстермаер“ од Кавадарци работат со скратен број на работници, а имаше и многу шпекулации за нивно целосно затворање.