7.8 C
Skopje
среда, декември 11, 2024

Агенти на ФБИ пред куќата на руски олигарх и близок сојузник на Путин (ВИДЕО)

Во тек е операција на ФБИ пред куќата на Олег Дерипаска, руски олигарх и близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Си -Ен -Ен.

Куќата на Олег Дерипаска во Вашингтон, пред која биле снимени агенти на ФБИ, е опкружена со жолта лента означена со зборовите „место на злосторството, не влегувај“. Неколку возила на различни безбедносни служби биле паркирани пред куќата, наведува Си -Ен -Ен.

Агент на ФБИ стои на патеката од куќата, а новинарите виделе уште неколку агенти како влегуваат во куќата во населбата Калорами.

Си -Ен -Ен потсетува дека Дерипаска е под санкции од 2018 година, како дел од одговорот на САД на руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.

Министерството за финансии на САД тогаш објави санкции за Дерипаска за истрага за перење пари, закани за деловни ривали, нелегално снимање државен службеник и изнуда и рекет.

Дерипаска поднел тужба оваа година поради санкциите, што ја загубил на суд, потсетува Си -Ен -Ен.