Агентот на Лавеци е во Милано, го очекуваат преговори со Интер

Пристигнувањето на Ди Марија во ПСЖ значи и збогување на Лавеци од тимот на "светците"

Иако доведе неколку квалитетни фудбалери, Интер го навлече гневот на своите фанови со продажбата на хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ во Реал Мадрид.

Токму ова е причината поради која раководството на “нероаѕурите” тргна во офанзива по нови засилувања, а највисоко на листата котира аргентинскиот напаѓач од редовите на ПСЖ, Езекил Лавеци.  Сопственикот на Интер, Ерик Тохир уште при доаѓањето на чело на клубот веднаш покажа интерес за напаѓачот на ПСЖ, а конечно таа желба ќе му се оствари. Агентот на Лавеци веќе е во Милано, каде денес го очекуваат преговори со првите луѓе на Интер.

За време на својот престој во Наполи, Лавеци беше еден од најдобрите напаѓачи во Серија А
За време на својот престој во Наполи, Лавеци беше еден од најдобрите напаѓачи во Серија А

Со доаѓањето на Анхел Ди Марија помеѓу “светците“, јасно е дека минутажата на Лавеци ќе биде значително намалена, а токму тоа сака да го искористи тренерот на Интер, Роберто Манчини кој во Аргентинецот гледа идеално засилување во нападот.

Ова ќе биде и враќање на Лавеци во Серија А, бидејќи своевремено настапуваше во тимот на Наполи, од каде и замина во ПСЖ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.