Агнеса Орданоска за „Фокус“: Кога една жена се грижи за својот изглед, најлесно е да се нарече спонзоруша!

Агнеса Орданоска, сопруга на Роберт Орданоски, поранешен директор на АЕК, кој вчера преку Фејсбук објави дека се разведува, за „Фокус“ изјавила дека е вознемирена од настанот и дека најмногу се грижи за тоа како ова ќе се одрази врз децата.

– Брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи! Вознемирена сум поради децата, јасно ми е како ова ќе се одрази на нив, тие се во период кога растат, созреваат. Кога една жена се грижи за својот изглед, најлесно е да биде обвинета за афери, да се нарече спонзоруша, да ѝ се прикачуваат невистини кои ќе ја прикажат во лошо светло. Многумина ќе се ситат, лавини од невкусни коментари, без да се помисли на емоциите на овие деца, жално е сето тоа… Но, ме изненади поддршката која од вчера ја добивам од огромен број жени и мајки, кои дури и никогаш не сум ги сретнала во живот – изјави Орданоска за „Фокус“.

Поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски синоќа преку Фејсбук обзнани дека се разведува од неговата долгогодишна сопруга Агнеса при тоа нарекувајќи ја „фотошоп барбика“ која „се оладила“ од љубовта кон него. Тој во својот пост напиша:

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка ѝ, фотошоп барбиката Агнеса Орданоска не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да ѝ ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене.“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.