Агресија

Дали ја знаете анатомијата на омразата? Што е она во суштина и што ви прави?

(…скоро ме опоменаа да не пишувам више, да правам раскази, дрндупки и да прекинам да некому отворам очи, просветлувам оти јас каков што сум, не можам кучето мое да го натерам да не ми прави бељи, не па некого да опаметам. Кој знае каков комплекс на самобендисано грдо божество имам натепано, до вулгарност. Тоа е тоа – мудроста на потпросечниот ум. Така и сега, ќе пренесувам сознанија и мудрости, но не се мрштете, не се мои туку сублимати на антрополизи, малку попаметни луѓе.)

Што е омраза?

Се нафрлив на оваа тема многу децении наназад, затоа што мојот колерик-карактер ми прави проблеми во животот, иако последнива деценија јадењето го*на со две раце се смета за храброст и патриотизам, секако на социјални мрежи. Урамнотеженоста, мудроста, дедукција и извлекување правилни заклучоци и е рамно на предаство. Нејсе.
Омразата и агресијата се два назива за една иста психосоматска состојба предизвикана од надворешен фактор или внатрешна помисла. Тоа е одбранбен механизам на примитивниот ум кој покренува низа хемиски процеси во телото, почнувајќи од адреналинот, кој пак, прави вистински „мејхем“ на севкупниот ендокрин систем+вегетативниот, потполно заобиколувајќи ја свеста, сивата маса, разумот.

Накратко, агресијата е манифестација на прачовекот, дивјакот, оној, непросветлениот, уплашениот, кој живеел по пештери, пред да спознае и развие некаква минимална етика, а јас би рекол филозофија или барем грам религија, која ќе го обликува во било каков морал. Примитивниот човек, со никакви инструкции од интелектот, сивата маса, потполно се потпирал на неразумните импулси за кои многу време требало да еволуираат во просветление, освен ако немало Божја интервенција. Секое делување во тие непродуховени времиња, изалоционизам доведувале до масовни дегенеративни односи кои се манифестирале и во телото како на веќе совршена крација. Имено, соочување со животно бил огромен страв, експлозија на сите сетила и борба за живот иницирана и контролирана од малиот мозок, сетиран во тилот, одговорен за се’ неодговорно, како афектна постапка или инстиктивно делување во природата – по која следела едиствениот исход –да го јадеш уловот. Но, не сме ловеле само зајци, ние сме војувале меѓу себе и што сме правеле со победените?

И ден дене откриваме племиња кои укажуваат дека канибализмот бил нешто нормално. Сме јаделе и човечко месо … а, ако ве интересира каков е вкусот на човечкото месо – проучете зошто тигар откако ќе убие и изеде човек, ништо друго не лови освен човек – оти нема повкусно месо. …така велат… јас можам само за јунешки кебапи да сведочам. Нејсе. Да изџвакаш диносаурус или човек, а тогаш нешто и не се потресувале за готвење, бара желудник од невидени размери на издрживост и огромни количини – енормни колични, на желудочна киселина – ХЦЛ.

Денес, сме ги надминале сите инстикти, воздржани сме помалку или повеќе, имаме виши морални, филозофски и пред се реалигиозни постулати како колективно и свесно за да го контролираме несвесното кое го потиснуваме, инаку крв до колена ќе беше по улици.

Кога доаѓаме во расправија со некого, караница, дури и без физичка закана, нашиот мал мозок, да оној со инстиктите, паралелно почнува да делува на вегетативниот систем над кој немаме свесна контрола, а тоа е лачење адреналин, качување притисок и лачење огромна количина на желудоочна киселина. Кога сте во расправија со некого, во живо иили виртуелно без оглед близок или туѓ, имагинарен или релаен, кога мразите, во вас се буди потсвесно примитивниот човек – борец, спремен да го нападне и да го убие противникот, впрочем така било со еони. Но, после тоа – гозба, да го изеде противникот.

Смирените луѓе занаеме и ги препознаваме, но има и воздржани кои умешно се контролираат, но ид-от нивни е полуден под површината при агресија, таквите луѓе страдаат од прво – гастритис, чир и сите можни дигестивни проблеми оти стомакот чека сирово месо и коски да вари. Наместо тоа кафе, цигара и ракија и слузокожата страда. Високиот притисок удира на срце, крвни садови во глава и не треба да спомнувам кон што води? Анеуризма, инфаркт… следствено, омразата, како неманифестиран вид на агресија кон некој, нешто наместо да го елиминира противникот, ве елиминира вас. Неверојатно е слепилото на 50-60 годишни кои изгледаат како метузалеми, кои ги окупираат аптеките и болниците желиејќи се на цела лепеза заболувања, чиј основ е чиста психосоматика. За жал, духовноста е ниска сеопшто и затоа се страда.

Како се лечи?

Никако, но се надимнува, како што толку преуптребувано Ниче е прецитиран – УМ над се…1 – парафразирано, а умот се рани со идеи – прво и основно книги филозофски книги, посејте си семе на идеја која ве прави – над човек – човек кој ги надминал своите инстикти – бидете вие во контрола. Најлесен е патот преку религијата и тоа е преелаборирано – но ене и ефектите во секојдневниот живот. Комбинацијата на проучување на филзоофијата и практикување на религија ги трансформира во ментално и физички во најздравите луѓе кои ги познавате, а пак тоа го постигнале не со цел да бидат здрави или да го надминат стресот на денешнава шизофренија, туку уживаат во патештествијата на возвишениот ум.

Религијата е кромид со безбројни слоеви до саматаа срж, таа е ТЕОРИЈАТА НА СЕ’, но филозофијата е колоризација, илустрација и умствена естетика во потрагаа по истото. Самиот пат трансформира и лечи исто како најбазична рекрација за балансирањње на телото

…тешки муабети – еве наједноставно, читајте книги постојано… гарантирам дека ако ништо друго ќе преполовите апови за желудник и притисок!

Дури и пишанки со реченици полни со омраза по социјални мрежи прават лош тригер. Некои викаат стрес, ма преку мојов стрес, се’ е во основа тригер на рекација на страв-агресија-канибализам, и ова не е моја теза, туку од еден од најеминентните антрополози, кој го читав пред многу денеции, а скратена верзија на неговите тези беа објавени во изданијата на тогашна ЈУ Политика.

Дечки, дури и стеротипна – патетика/љубов/толеранција/ смирение и без да мислиш искрено, прави подобро, одошто било која оправдана агресија-омраза … толку од бумер моа.

Омраза е за будали – љубов е за супер-херои.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.