Агуеро ја продолжи верноста на „Сити“ до 2021 година

Аргентинецот Серхио Агуеро го продолжи актуелниот договор со „Манчестер Сити“ за уште една година, објави тимот од Етихад.
Агуеро претходно изјави дека ќе го напушти „Сити“ кога ќе му истече договорот во 2020 година и ќе се врати во Аргентина да ја заврши кариерата во неговиот поранешен клуб „Индепендиенте“.

Но Аргентинецот се предомисли, па денеска стави потпис на нов договор со „Манчестер Сити“ со кој ќе остане во Англија до 2021 година.

Среќен сум што потпишав на уште една дополнителна година. Мојата идеја беше да бидам тука 10 години. Тука сум седум години, па ќе бидам 10 кога ќе ми заврши договорот. Тоа е главната причина поради која потпишав. Среќен сум бидејќи тука ме третираат многу добро уште од првиот ден кога дојдов. Среќен сум со се во клубот, соиграчите, стручниот штаб, персоналот и менаџментот. Имаме добар тим, треба да се фокусираме и можеме да дојдеме до големи трофеи, изјави Агуеро.

Агуеро има постигнато 204 гола во 299 натпревари за „Манчестер Сити“ и е најдобриот стрелец во историјата на овој клуб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.