Агуеро тврди дека играчите се преплашени од враќањето на терените

Аргентискиот напаѓач на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Серхио Агуеро, изјави дека повеќето играчи во Премиер лигата се плашат од враќањето на терените и продолжување на првенството, што може да се случи на 8-ми јуни доколку тоа го овозможува ситуацијата со епидемијата од болеста Covid-19 во Англија.

„Повеќето играчи се преплашени, бидејќи имаат деца и семејства. Се надевам дека вакцината набрзо ќе бида пронајдена, па сево ова ќе заврши“, изјавил Агуеро од својот дом во Манчестер гостувајќи во програмата на аргентинската телевизија El Chiringuito.

„Јас сум исплашен, но во куќата сум затворен со својата девојка и не доаѓам во контакт со други луѓе. Единствениот кој можам да го заразам е мојата девојка. Велат дека луѓето може да бидат заразени но без симптоми, и дека може да заразат други луѓе. Поради тоа сум дома. Може сум болен, а тоа и да не го знам“, додал Аргентинецот.

Водството на Премиер лигата во петокот подоцна ќе расправа за можното продолжување на натпреварувањето коешто беше прекинато на 13-ти март.

Некои англиски клубови, како Арсенал, Брајтон и Вест Хем, веќе ги отворија своите тренинг центри за подготвени да го пречекаат 18-ти мај, кога екипите би можеле да се вратат на тренинзите. Притоа за сите ќе важат строгите правила за социјално дистанцирање, со посебни стандарди коишто секој клуб ќе мора да ги задоволи. Играчите на тренинзите ќе мора да доаѓаат однапрет опремени и нема да смеат да ги користат клупските собелкувални.

До крајот на англиското првенство останаа уште девет кола, а Манчестер Сити е сѐ уште во конкуренција за освојување на ФА Купот во чие четвртфинале би требало да игра против слабиот Норич.

Доколку Премиер лигата продолжи, натпреварите најверојатно ќе бидат играни пред празни трибини, а можеби и на неутрален терен. Имено, имаше предлог сите преостанати дуели да се играат на лондонски „Вембли“ во забрзан ритам, и секој тим би одиграл по неколку мечеви во седмицата.