Ах, празна големино

Во услови кога националните економии во светот бележат неверојатни падови на производството, трите најголеми во Европа веќе со проекција од околу 7 отсто, американската и со над 5 отсто или веќе многу повеќе во споредба со големата криза во 2008-та, во нашата Македонија главната преокупација и одвлекување на вниманието на јавноста се кафулиња, ресторани, обложувалници…

Што има да мислиме, за стратегија, па и немало потреба. Нови тревници и клупи, убавини, колку ни е убава Македонија, богат народ, а од друга страна и се ­„радувавме на донацијата“, онаа малецката, навредливата од ЕУ.

Народот кога сеуште и баш не му беше јасно што се случува, вирус, корона мерки, паника, параноја… си направија добра стратегија и почнаа да се припремаат за кризата од која се исплашија. Имено почнаа да си прават залихи од храна, некои одеа и до таму и залихи на гориво и дрва за греење, не се знае колку ќе трае. За тоа најмногу им помогна Светска Здраствена и нашата техничката влада, која со мерките/уредбите и психозата која ја наметнаа го поттикнаа на таков чекор.

Но, тоа е нешто друго нели, што пак тоа има врска со потребите на стопанството кое и понатаму треба да ги задоволува и нахрани сите, но на прво место најголемиот трошачиџија, државниот апарат… нив не им треба помош, што ќе им е стратегијата од државата, се’ си имаат, ќе си земат кредит, има кој да го враќа. Но, не било и тоа лесно, кредит, но на солвентни и на оној кој може да го враќа.

Еее станаа скапи парите.

Малку да се потсетиме, си постои нешто како Агенција за стоковни резерви, инересна алатка, но кој како во минатото си играше со нејзе, денес е во целосна сенка, иако основна клетка за дејствување во услови на вонредна состојба, елементарни непогоди и големи пореметувања на пазарот.

Цените основано или неосновано, со намера или злоупотреба на состојбата на многу продукти се покачија, органите на извршната власт излегоа на терен и ги исконтролираа и констатираа дека не е покачувањето големо и нема злоупотреби. Но, тоа за само неколку недели создаде такви состојби што за поголемиот дел од населинието во Македонијаа е преживување.

Што и дали некој размисли или постави точка на дневен ред, што понатаму, план, програма, стратегија, во услови на многу ефтина нафта, не функционалност на светските пазари кој доведоа до пад на цените на многу продукти, раст на цената на златото итн. Македонија како земја во целина е суровински зависна и безмалку целокупното индустриско производство е базирано на увоз на суровини и полупроизводи. Истото е во преработувачката индустрија, вклучително и текстилната која преку 90 отсто е на база на ЛОН соработка. Значи барањето на алтернативни извори на суровини е на товар на самите стопанственици, им ги зголемува трошоците, а оттаму можноста за извоз уште повеќе ја намалува.

Во овие пандемски услови и рестриктивни мерки на светско ниво тешко се снаоѓаат големите индустрии, а што да очекуваме за нашите производства сега, услужните гранки, дејности кои се директно врзани со индустријата, а за понатаму кој би знаел да каже докаде ли ќе паднеме.

Можеби не станува збор за намера, можеби е некреативност да се согледа изобилието на чекори за да се спремиме како малецко државиче за брановите на морето, за океанот ако преживееме ќе правиме нова стратегија …

Едноставно широк дијапазон на чекори кои можат да не преживеат.

Но, кој да смогне сила и да го одвои професионалниот потенцијал од политичкиот, сите заслепени за пуста ВЛАСТ.

Автор: Јане Вангеловски за НетПрес