5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Ахмети: Албанскиот јазик ќе се употребува и во Делчево и Струмица (ВИДЕО)

Во сите институции во земјава освен македонскиот јазик е и албанскиот, рече претседателот на ДУИ Али Ахмети, во синоќешната емисија „200“ на Алсат-М телевизија.

На констатација на водителот дека многу критичари со ова не се согласуваат и велат дека албанскиот јазик нема да се употребува на цела територија на Македонија во ова ниво, и дека во овој контекст многу македонски критичари веќе најавиле дека ќе покренат иницијативи во Уставниот суд, Ахмети беше зашрашан како го предвидува развојот на ова прашање?

-Жал ми е, но албанскиот јазик е официјален во Република Македонија и ќе се користи таму каде што го употребува заедницата. На пример, дали има некој Албанец во Струмица? Нема, но може да помине. Е сега ако тој поминува таму и има проблем на граница или во градот, се викаат преведувачи и законот на него му овозможува, без разлика дали имал проблем со полицијата, со обвинителството, тој да зборува на својот мајчин јазик. Ако поминува во Делчево и направи некој проблем… исто може да зборува на својот мајчин јазик, истакна претседателот на ДУИ, во своето гостување на телевизија Алсат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.