Ахмети бара консензус за изборниот датум

На денешната лидерска средба се разгледаа битни документи од изборите за спроведување на изборите. но датумот кога тие ќе се одржат треба да се утврди со политички консензус, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Ние сме многу свесни дека земјата е без Собрание и дека е со политичка влада. Но причина за тоа е епидемијата и многу е битно оваа ситуација да не се политизира“, изјави Ахамети.

Тој рече дека изборите се битни, но здравјето на граѓаните е пред се, не прецизирајќи кој е неговиот предлог за изборен датум.

Според неофицијалните информации од лидерската средба, Ахмети се заложил изборите да се одржат најдоцна во првата недела од јули или потоа во октомври.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.