Ахмети дал исказ за предметот „Попис“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рано изутрина дојде пред закажаниот термин во 10 часот, во СЈО за да даде исказ во врска со случајот за пропаднатиот „Попис“ .

Во последниот извештај за работењето на СЈО, од минатата година, пред предметите да бидат пренесени во Јавното обвинителство и истото да стане историја, стои дека за
предметот „Попис“, кој тогаш бил во истражна постапка, биле испитани повеќе сведоци.

“Во насока на утврдување на вкупниот износ на парични средства кои се издвоени од Буџетот на Р. Македонија за спроведување на попис на населението, домаќинствата и становите во Р.Македонија во 2011 година, ова Јавно обвинителство на ден 25.01.2019 година донесе наредба за економскофинансиско вештачење, кое се уште не е изготвено“,
стои во извештајот, во кој нема други детали за овој предмет. Од Обвинителството пак неодамна информираа дека се работи и на случаите на СЈО, но и дека пандемијата со Ковид-19 ги усложнува работите, во поглед на испитување на сведоци и сл. каде што е осомничен заедно со поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Никола Груевски.

„Попис“ се однесува за основано сомневање за злоупотреба на своите овластувања на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и на ДУИ, Али Ахмети, кои во 2011 година се договориле да го одложат спроведувањето на веќе почнатиот попис.

Според обвинителката Фатиме Фетаи, на 10 и 11 октомври 2011 година осомничените се договориле да се запре спроведувањето на пописот, со што е причинета штета од 175
милиони денари.

„Има основани сомневања дека како дел од владејачката коалиција, двајцата претседатели на партиите се договориле дека нема политички капацитет за спроведување на пописот и
дека се неопходни дополнителна обука и усогласување на стандардите со меѓународните норми. Потоа Владата предложила да престане да важи Законот за попис, а потоа преку
пратениците од владејачката коалиција на 15 октомври 2011 година Собранието донесува решение за одложување на пописот“, рече Фетаи на презентацијата на овој предмет.