Заев треба да биде премиер бидејќи има големи работи за решавање. Надежите се дека на 14 декември ќе добиеме датум, а до март ќе се одржи првата меѓувладина конференција со која Македонија и Албанија ќе ги почнат пристапните преговори со Европската Унија, вели за „Слободен печат“ висок функционер на ДУИ.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети не дозволува Зоран Заев да поднесе оставка од премиерската функција, барем не до март следната година, вели висок функционер на ДУИ за „Слободен печат“.
Заев, пак, кој замина од лидерската позиција од СДСМ, без оглед на исходот од преговорите за влез во Владата на Алтернатива и од европскиот самит во Брисел, решен е во декември да ја активира и премиерската оставка, тврди висок функционер од кабинетот на премиерот.
Според засега крајно спротивставените расположенија на Заев и на Ахмети допрва претстои период на (раз)убедување помеѓу нив, како владини партнери, за тајмингот за ефектуирање на оставката на премиерот.
-Заев треба да биде премиер бидејќи има големи работи за решавање. Без заедно да одлучат Заев и Ахмети и без да влезат во колосек важните работи, Заев нема да се тргне од одговорноста да ги решиме проблемите. Надежите се дека на 14 декември ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, а дека до март идната година ќе се одржи првата меѓувладина конференција со која Македонија и Албанија ќе ги почнат пристапните преговори со Европската Унија. Ќе разговараме, ќе направиме анализи, но сепак сметам дека Заев до март ќе биде премиер, вели функционерот од ДУИ.
По оставката од лидерската функција во СДСМ викендов, Заев изјави дека планира да остане премиер додека не ги заврши преговорите со Алтернатива и додека не го види исходот со Бугарија.
-Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Потоа со стабилно и со зголемено парламентарно мнозинство во Собранието ќе почне постапка за избор на влада во која ќе биде и Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија. Една од најзначајните причини поради која Алтернатива би влегла во власта е да обезбеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почеток на преговорите со ЕУ, изјави Заев.
Целата вест прочитајте ја на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ