Ахмети ги кани Гаши, Касами, Села и Тачи на средба на годишнината од Рамковниот договор

На годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор, в четврток – 13 Август 2020 година, претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по оддржаните предвремени парламентарни избори на 15 јули ги кани на заедничка средба парламентарните политички партии на Албанците.

Поканети се лидерите на Алтернатива – Африм Гаши, Билал Касами на Беса, Зијадин Села – Алијанса за Албанците и Мендух Тачи – ДПА.

Средбата, како што најавија денеска од ДУИ, би се одржала со почеток во 12:00 часот, во хотелот Парк во Скопје.

„Се надеваме дека поракава ќе ве најде здрави и добри. Ве молиме да не информирате околу вашата подготвеност за оваа заедничка значајна средба“, стои во поканата од ДУИ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.