Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за време на војната во 1999 година со српските безбедносни сили во поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија, каде албанското мнозинство во 2008 година со поддршка на САД и главните земји од ЕУ еднострано прогласи независна Република Косово.

„Денес го посетив семејното огниште на мојот соговорник и поранешен претседател на Република Косово, Хашим Тачи, за да им дадам сила на неговите родители и роднини во битката за правдата, каде нивниот син со пријателите го брани достоинството на УЧК. Правдата одложува, но не заборава“, напиша Ахмети на фејсбук.

Најавува дека „гордо ќе го пречекаат Тачи со пријателите кога ќе се врати“, како што вели, како „победник на правдата“.