Ахмети гo замени Меџити со Бујар Османи за координатор на огранокот Чаир

Демократската Унија за интеграција го именуваше Бујар Османи за координатор на огранокот Чаир, пренесе ТВ21.

Според информациите, одлуката дошла по предлог на лидерот Али Ахмети со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“.

Претходно, како координатор на огранокот Чаир беше Изет Меџити.

Веќе подолг период „Огнената група“, во која се Изет Меџити и Муса Џафери се спротиставуваат на лидерот на ДУИ, барајќи од него да го тргне Артан Груби.