Ахмети и ДУИ биле против промена на името за влез во ЕУ и НАТО

Во 2008 година Али Ахмети и неговата партија ДУИ биле против промена на името како услов за влез во НАТО, укажуваат документите кои во петокот се објавени и потекнуваат од разобличувачката оранизација WikiLiks, а до кои ексклузивно дошла скопската телевизија Алфа.

Станува збор за доверливи извештаи и дипломатски депеши коишто тогашната американска амбасадорка, Џилијан Миловановиќ, ги испраќала до Центраната разузнавачка агенција (CIA) и Стејт департментот, опишувајќи ги состаноците со сегашниот министер за надворепн работи Никола Димитров тогаш национален координатор во преговорите за името, а беа дел од стотиците илјади документи кои WikiLeaks ги објавуваше пред неколку години и му донесоа многу непријатности на Вашингтон бидејќи содржеа и потсмешливи коментари за светските челници, вклучително и американски сојузници.

„Нема промена на името заради НАТО, опозицијата па дури и ДУИ се жестоко против ова“, ѝ рекол Димитров на Миловановиќ во јануари 2008-та, на еден од низата состаноци во пресрет на НАТО самитот во Букурешт, кога Македонија доби вето од Грција. Димитров ѝ го кажал ова брзо по меѓуминистерскиот состанок на македонскиот НАТО–комитет, во кој учествувала и опозицијата а кој се одржал на 10-ти јануари истата година.

Сега Димитров, со истиот коалиционен партнер на премиорот Зоран Заев, односно Али Ахмети, од позиција на власт убедуваат дека промената на името е уникатниот клуч за вратата на НАТО.

„Димитров рече дека претставниците на опозициската партија, вклучително и оние на партијата на етничките Албанци-ДУИ, биле многу пожестоки отколку владините претставници во одбивањето на било каква промена на името заради понудата од НАТО. Тој додаде дека Владата на Македонија се противи на било каков обид да се наметне краен рок за решавање на проблемот со името пред НАТО-самитот“, пишува во доверливите извештаи на Миловановиќ.

Амбасодорката му нагласила на Димитров да се разгледа опцијата за носење решение во корелација со посредникот Метју Нимиц и Грците пред Самитот, за кое ќе има значителна согласност од сите, ама да не се објавува пред поканата да биде ставена на маса. Но нејзиниот соговорник не се согласил.

„Димитров рече дека тоа е малку веројатно, и дека заканите за вето всушност ја зајакнале внатрепартиската кохезија во Македонија за задржување на уставното име непроменето“, стои во писмата.

Димитров ѝ нагласил дека ако Атина стави ултимативно вето за Македонија, Скопје ќе ја разгледува варијантата за поништување на Времената спогодба од 1995 година, и проблемот ќе го процесуира до Совето за бебедност на ОН.

„Грчките предлози за промена на името во ‘Нова Македонија’, ‘Горна Македонија’ и ‘Славо-Македонија’, не се стартни преговарачки позиции, рече Димитров, заради грчкото инсистирање на билатерална но и на мултилатерална употребa“, известува Миловановиќ во писмата до Стејт департментот, CIA и другите американски агенции.

Опишувајќи го како „видно емотивен“, Миловановиќ вели оти Димитров ирекол дека влезот на земјава во НАТО по принуди да прави компромиси за името, е контрадикторно со принципите на Алијансата како организација на демократски држави. Тогаш ова за него било спротивно на НАТО вредностите и испраќало негативен сигнал до аспирантите, но сега е „единственото“ решение во кое граѓаните треба да бидат убедени „оти вреди да се поклонат“.

Во четвртокот, телевизијата Алфа, исто така, објави дека Димитров и тогашниот претседател Бранко Црвенковски, биле против одржување на референдум.