Ахмети и Касами разговарале за изборите и државните цели

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска остварил средба со претседателот на Движењето „Беса“, Билал Касами. Ахмети на својот „Фејсбук“ профил откри за што разговарале со Касами.

– По минатонеделниот телефонски разговор, денес во Скопје се сретнав претседателот на Движењето „Беса“, г. Билал Касами – вели Ахмети во објавата на „Фејсбук“.

Тој додава дека со Касами ја оцениле реализацијата на предвремените парламентарни избори на 15 јули и заеднички ги поздравуваат афирмативните оценки на меѓународната заедница и особено на ОБСЕ / ОДИХР.

– За време на конструктивната средба, се согласивме да ги продолжиме нашите напори за евроатлантскиот пат на земјата, како и долгоочекуваните реформи кон владеењето на правото преку развивање на отворен и континуиран дијалог – истакнува Ахмети.

Лидерот на ДУИ додава дека се надева во наредните денови дека ќе оствари работни состаноци со лидерите на албанските опозициски партии во интерес на граѓаните на нашата земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.