Ахмети: Меџити не ми кажал дека ќе поднесе интерпелација за министрите Груби и Османи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не е загрижен од најавите на Изет Меџити и други пратеници на ДУИ дека ќе поднесат интерпелација за вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

– Нема загриженост, бидејќи, секако, доколку имаше такво нешто, сигурно Меџити ќе разговараше со мене, но таквата тема досега не е отворена – изјави Ахмети за ТВ 21.

Тој рече и дека доколку пратеник на ДУИ поднесе интерпелација за сопартиец нема да биде отстранет од партијата.