Ахмети му лапна пратеник на Села, па почна да го омаловажува?!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја нарече несериозна партијата на Зијдин Села, Алијанса за Албанците, бидејќи, како што вели има само двајца пратеници.

Со оваа изјава на вчерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Ахмети ги подгреа шпекулациите за излегување на Алијансата од коалицијата. Индикативна е изјавата на Ахмети за пратеничкиот состав на Алијансата, затоа што на последните парламентарни избори партијата на Села освои три пратенички места, пишува порталот „Фокус“.

Села, пак, неодамна изјави дека пратеникот Весел Мемеди преминал во ДУИ. Мемеди го демантираше тоа и изјави дека останува во Алијансата.

Инаку, на неодамнешните локлани избори во земјава, политичката партија, Алијанса за Албанците на Зијадин Села освои три градоначалнички места – во општините Гостивар, Врапчиште и Боговиње.

Ова не е прв пат лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вербално да го нападне села. Тој кон крајот на октомври, годинава, изјави дека Села не е подготвен за големи процеси. Тогаш Ахмети рече дека е многу разочаран поради погрешната страна што ја зема Зијадин Села и би сакал тој да има поконструктивен пристап во правец на процесите.

Уште повеќе сум вознемирен од вчерашната изјава на Села дека Ахмети и ВМРО-ДПМНЕ се организатори на неговото физичко елиминирање за потоа да го елиминираме и политички, изјави претседтаелот на ДУИ на 27 октомври.