Ахмети на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска треба да се јави на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Ахмети треба да исказ во врска со предметот „Попис“, потврдуваат за МИА од ОЈО.

Истрагата по предметот „Попис“ ја отвори поранешното СЈО, за потоа да ја преземе ОЈО за организиран криминал и корупција.

Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година, организиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.