Ахмети не се согласува со Заев и опозицијата да стане дел до власта

152

Али Ахмети, лидер на коалицискиот партнер во власта, не се согласува со ставовите на премиерот Зоран Заев во кои ја отвори можноста опозицијата да стане дел од власта.

На новинарско прашање во врска со предлогот на премиерот Заев, Ахмети денеска оцени  дека улогата на опозицијата е да биде критичар на власта, објави Алсат-М.

– Опозицијата ги дава своите забелешки, дури и ако не се на место, бидејќи тоа е улогата на опозицијата, не само кај нас, туку и во сите напредни земји – рече Ахмети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.