Ахмети оптимист дека ќе биде постигнат договор меѓу Белград и Приштина

Јас се залагам за напредок и денес нека биде постигнат, изјави денеска во Охрид лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со косовскиот премиер Албин Курти.

На новинарско прашање дали верува дека ќе заврши процесот на дијалогот со взаемно празнавање меѓу Косово и Србија, Ахмети рече дека тоа зависи од двете делегации, но верува дека ќе биде постигне договор помеѓу Приштина и Белград.

– Мислам дека како финален процес, Косово треба да оди напред кон меѓународно признавање како држава и негово унапредување и прифаќање во сите меѓународни институции и да го продолжи патот кон членство во Европската Унија и НАТО, рече Ахмети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.