Ахмети: Проблемот со СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии

57

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска изјави дека проблемот со Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да го решаваат, како што вели, двете најголеми македонски партии, истовремено порачувајќи дека со ветинг и проверка на кадрите државата ќе биде поуспешна во борбата против криминалот и корупцијата.

– Проблемот за СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии. Го поддржуваме законот, ги поддржуваме сите реформи во судството. Неопходно е во оваа држава да има ветинг, да има проверување на кадрите посебно на тие што се задолжени за чување на редот и мирот, бидејќи само така ќе бидеме поуспешни во борбата против криминалот и корупцијата, изјави Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на спортска сала во ОУ „Реџеп Вока“ во Шипковица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.