Ахмети: Синоќа имав тензичен разговор со Заев

Претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, за ТВ21 истакна дека синоќа имал тензичен разговор со  Зоран Заев и вели дека не се согласува со неговата одлука да си даде оставка од премиерската функција.

– Вчера имавме мошне тензичен разговор со Заев, дека не се согласувам со таквото движење, со неговата оставка од партијата и претседател на Владата. И денеска повторно разговарав со Заев, му реков дека не можеме да направиме компромис за големи работи, за тој да се повлече. Да се разгледа во неговата партија оваа одлука која според мое мислење е забрзана и неоснована – вели Ахмети за ТВ21.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.